(ФОТО) ЕПИДЕМИЈА – РЕНОВИРАЛЕ ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА И ОТКРИЛЕ МАСОВНА ГРОБНИЦА: Мистерија на кружните јами со 1.500 лица!

Археолозите откопале остатоци од повеќе од 1.500 луѓе за кои се верува дека починале во епидемија, затрупани во масовна гробница од 19. век, ископана како дел од Проектот за развој на Осака во западна Јапонија.
Официјални лица на Здружението за културно наследство на градот Осака, кое ги проучува остатоците, изјавиле дека веруваат дека станува збор за млади луѓе кои починале кон крајот на 18. век.


Гробницата Умеда, една од седумте историски гробници во јапонскиот трговски град Осака, била откриена како дел од проектот за реновирање во близина на главната железничка станица.


За време на ископувањата што започнале во септември 2019. година биле пронајдени повеќе од 1.500 посмртни остатоци, по студијата 2016-2017 година, кога стотици слични остатоци биле ископани на соседните локации, изјавил претставник на здружението.

Сите посмртни остатоци се отстранети од местото на ископување, а експертите ќе ги испитаат, како и други артефакти, со надеж дека ќе пронајдат повеќе детали поврзани со смртта.
Некои експерти ја навеле можноста за епидемија на сифилис, која тогаш владеела во населени места како Осака.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …