(ФОТО) Елизабет Харли во најпровокативниот костим досега е кралица на забавата

Елизабет Харли (57) влезе во 2023 година како што само таа може – со стил, но и со многу забава, доказ за тоа се фотографиите кои ги сподели на Инстаграм.
Актерката избра интересен едноделен костим со мониста и циркони, додека на главата носела интересна круна налик на сонце. На сликите можеме да видиме дека таа била кралица на вечерта, а на своите следбеници им посака да им се остварат соништата.

Елизабет зад себе остави успешна година и се реализираше како претприемач, лансирајќи свој бренд на костими за капење и често споделувајќи фотографии на кои позира во истите.
Со текот на времето открила неколку трикови на кои им ја должи младоста и витката линија, иако тврди дека се што прави е сосема нормално и вообичаено. Секое утро го започнува со две шолји топла вода, по што за појадок јаде грчки јогурт со банана и мед. После тоа има вежбање, а потоа се почестува со супа или чорба. Дури навечер се почестува со нешто поголем оброк – пилешко на скара и многу, многу зеленчук.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …