(ФОТО) Едноставно+ефективно: Прекрасно црно – бело издание на Ангелина Џоли

Понекогаш се прашуваме дали некогаш ќе ни здодеат црно-белите комбинации: Се чини дека нема, а посебно не во изведување на Ангелина…
Во неделата, после прикажувањето на најновото филмско остварување на глумицата „First They Killed My Father“ во Лос Ангелес, имавме можност да видиме една свежа и нова Енџи која со задоволство одговорила на желбата за дружење на нејзините фанови.
Во совршена комбинација, познатата активистка, високиот гламур го искажала со едноставен моден избор демонстрирајќи ја моќта на црно-белата палета.
Монохроматскиот сет кој Ангелина го облекла го чинат црното здолниште со „А“ крој и бела свилена кошула која е вовлечена во здолништето. Дополнителните детали исто така биле минималистички – нуде слонки и фантастични „оверсајз“ очила кој се неодминлив асесоар на славната глумица која наводно одлучила да го спаси бракот со Бред Пит.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …