(ФОТО) ДОБРО РАЗМИСЛЕТЕ! Во кои правци е дозволено да се движи синиот автомобил?

Погледнете ја ситуацијата во сообраќајот на илустрацијата, а потоа обидете се да го дадете одговорот за помалку од една минута.


Раскрсницата на фотографијата не е опремена со семафори, а нема ниту сообраќаец да ги регулира возилата.
На неа има три автомобили, чие движење е регулирано со „превртен триаголник“ и еден сообраќаен знак за информирање.
Погледнете ја внимателно сообраќајната ситуација на раскрсницата, а потоа обидете се да одговорите на прашањето:

Во кои правци е дозволено да се движи синиот автомобил?
1. Само во насока Б;
2. Во насоките A и Ц;
3. Само во насока А;
4. Во насоките А и Б;
5. Во која било насока.


Одговор:
Сообраќајот на раскрсницата се регулира со сообраќајни знаци „превртен триаголник“, односно – раскрсница со коловоз со првенство на минување, како и знак кој ги известува возачите дека зад него завршува патот со еднонасочен сообраќај.
Бидејќи ниту еден од овие сообраќајни знаци не забранува возење во ниту една од насоките, точниот одговор е број 5 – синиот автомобил може да се движи во која било од трите понудени насоки.

Сепак, ситуацијата на сликата остава можност за друго толкување.

Иако на раскрсницата нема дополнителна сообраќајна сигнализација, фактот што еднонасочната улица од која излегуваат автомобилите со првенство на минување има три ленти, може да се уреди така што автомобилите мора прво да се престројат на една од трите ленти, во зависност на насоката во која имаат намера да се движат.

Иако овде не е така, во таква ситуација точниот одговор би бил број 3.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …