Шест децении откако нивните родители ја раскинале свршувачката, еден пар од Англија се нашол и се венчал со „доцнење“ од 60 години.
Лен Олбрајтон (79) и Жанет Стир (78) имале исклучително тежок пат до нивната венчавка, но и двајцата се среќни што сепак успеале да го направат тоа.
Двојката првпат се запознала во 1963 година кога Лен имал 19, а Жанет 18. Работеле како медицински техничари во болницата Сент Мери во Њупорт, Англија и се заљубиле на прв поглед.
Наскоро Лен ја запросил Жанет и таа прифатила. Меѓутоа, во тоа време возраста на согласност била 21 година, а Жанет била три години премлада. Нејзините родители ја откажале планираната венчавка, а Лен добил срцепарателно писмо во кое ја откажува свршувачката.
Besotted Len Allbrighton, then 19, got down on one knee to propose to 18-year-old Jeanette Steer in 1963. But their hopes were dashed when Jeanette’s parents found outhttps://t.co/qxdALnjQ0l
— The Mirror (@DailyMirror) March 21, 2023
Во текот на следните 50 години, Лен се оженил со жена во Австралија, имал три деца, се развел и се преселил во Стивениџ каде работел како окружен медицински техничар.
Во меѓувреме, Жанет останала на островот Вајт за да стане медицинска сестра, а потоа се омажила за поморски офицер и имала две деца.
Била во пензија и сè уште била со сопругот кога Лен решил да ја најде.
„Бев исплашен, не знаејќи каква ќе биде нејзината реакција или дали воопшто ќе ја видам. Заминав со сомнеж. Не беше лесно да ја најдам, но го направив тоа. Само се надевав дека е добро – не очекував било што друго“, рекол тој, пренесува Metro.
Лен и Жанет во 1963 година
„За малку ќе умрев кога сфатив дека тој стои покрај мојата градина. Мило ми беше што ме побара. Во тоа време многу размислував за него”, рекла Жанет.
Потоа го израдувала бившиот свршеник и му рекла на сопругот дека е странец кој бара насока.
Меѓутоа, две години подоцна, сопругот на Жанет починал од рак, а таа го контактирала Лен користејќи ја адресата што тој ја дал на божиќната честитка претходната година.
После тоа, во 2018 година таа се согласила да се пресели во Стивениџ за да живее со него, а минатата година Лен повторно клекнал на едно колено и ја замолил да се омажи за него. Нивната венчавка се одржала на 11. февруари.
Фото: SWNS