(ФОТО) Џон Илија Апелгрен ОТВОРЕНО: „Нашава музичка мака и рецептот за нашава несреќа е во рацете на тип кој не гледа ништо околу од егото кое му прелева…“

Музичарите одамна не се согласуваат со мерките за ковид 19, и не само ним туку и на многумина љубители на музиката не им беше јасно зошто ги „снема“ живите свирки…
По повод најновите мерки Апелгрен се огласи на Фејсбук:

„Пред околу 15 месеци кога некој ќе ми кажеше дека ја имам најубавата професија на светот што се бавам со музика, со настапи на концерти, евенти, казина, кафиќи, хотели, конгреси, родендени, годишнини, свадби, многу ми доаѓаше убаво на душата. Навистина е прекрасно да сте во состојба на слушателот да му пренесете приказна, расположение, да му раскажете за љубов или тага и со тоа да допринесете за убава атмосфера и расположение. Тогаш не можев ниту да предвидам дека одредени типчиња кои се успешни во својата професија, а сакаат и политичка моќ како одреден министер, можат многу да направат да подријат и скоро уништат еден цел сегмент од музичкото живеење. Концерти ќе дозволеле рече тој денес, па дозволени се смотко! Сакаш луѓето да помислат дека сме идиоти што бараме да се дозволи да свириме по локали, кога ете концерти се дозволени?


„Ај да се зезаме уште, да видиме колку ќе издржат вака“, тоа ли го викате на состаноци кога со полни мевови седите и решавате за туѓи судбини. Кога влегувате во новиве службени возила пуштате музика на цд од некој српски изведувач кој го имате видено на пифтијада или празијада 2019 и цепате на отворени семафори како заштитени мечки додека овие обичниве шака јада луѓе ви сметаат. Дали потајно министерот смета дека музиката го актвира вирусот доколку на 2 метри од маса каде седат 6 души и јадат, некој пее или девојка свири на виолина? Дали е побезбедно да се возите во такси во кое возачот седи 2 часа без маска и ја става дури кога патникот ќе седне? Дали е побезбедно да се пикнете во автобус сабајле или на крај на работно време, отколку некој подалеку од вас што пее или свири. Да се разбереме, не секоја музика вклучува лепење пари на испотени чела и музика над чинија.


Не смее да стане стандард во државава доколку некој е навреден од збор, тој да се избрише од речник, доколку се прекршат протоколи во Мош или Интермецо, настапите да бидат забранети, а локаливе да си тераат работа…мајонез забранивте во Куманово оти се отруле деца јадејќи салата од туна, пилешко и мајонез. Забранете состојки со поминат рок, а не мајонез! Кој побогу меша туна и пиле? Тој треба да го забраните, што го измислил рецептот. Нашава музичка мака и рецептот за нашава несреќа е во рацете на тип кој не гледа ништо околу од егото кое му прелева. И идиотот продолжува со забраната…дали ќе има посебен протокол за музичари кои се вакцинирани?
П.С. Доколку некој од моите пријатели или непријатели проба да ми објасни како е опасно да се музицира во отворен простор, при дозволени концерти на затворен простор, како треба да се стрпиме уште малку (15 месеци се стрпуваме) да ми објаснува како има поважни работи или сектори, ич нека не пробува. Веднаш ќе биде избришан, блокиран и заборавен. Немам повеќе нерви за типчиња со агенда и алтернативни факти… тоа во алтернативната димензија нека тераат“, напиша Џон Илија Апелгрен на својот профил на Фејсбук.


Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …