(ФОТО) Џенифер Анистон открила кој е виновен што нема да има нови епизоди од „Пријатели“

Иако од емитувањето на последната епизода на серијата „Пријатели“ минале дури 14. години, нивните бројни фанови долго се надевале дека славната шесторка ќе се собере во нови продолжувања.
Скоро сите глумци порано или подоцна потврдиле дека нема ништо од тоа, но и понатаму упорно ги прашуваат дали се предомислиле.


Промовирајќи го својот нов филм на „The Late, Late Showu“, Џенифер Анистон му открила на Џејмс Корден каков е нвиниот моментален став по тоа прашање.
„Ние девојките велиме дека би сакале повторно да работиме, но момците од некоја причина не се загреани за таа идеја. Не знам зошто. Така што веројатно за 40. години само ќе објавиме римејк на ’Златни девојки’“, рекла глумицата.


Порано оваа година и режисерот Кевин С. Брајт потврдил дека нема да има нови епизоди.
„Сакам да го повторам она што го рекол Дејвид Крејн:собирањето на 50. годишни во кафуле едноставно би било патетично. Кога повторно би снимале, тоа би биле истите глумци но не би била истата серија“, рекол за „Метро“.

Фото: Imdb


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …