(ФОТО) Девојче се здобила со тешки изгореници на јазикот откако го земала популарното лижавче

Популарното лижавче по кое лудуваат речиси сите деца може да биде многу опасно. Една мајка сподели застрашувачка фотографија од нејзината мала ќерка со тешко изгорен јазик за да ги предупреди другите родители да не им даваат на своите деца кисели лижавчиња.
Девојчето го земало киселото лижавче на братот во раце, а приказната завршила со непријатни последици.
„Дојде до мене викајќи дека ја боли јазикот. Беше преплашена“, опишала мајката на девојчето, кое добило меур на средината на јазикот.


View this post on Instagram

A post shared by Follow for EMPOWERMENT ✊ (@tinyheartseducation)


Фотографијата ја сподели поранешната медицинска сестра Ники Јуркуц.
„Киселите лижавчиња се, како што сугерира името, кисели и можат да предизвикаат страшни изгореници кај малите деца. Тие треба да се воведуваат дури по петгодишна возраст и со претпазливост“, рече Јуркуц.


Многумина беа шокирани од објавата.
„Не разбирам како лижавчињата можат да предизвикаат толкава штета“, „Тие не треба да бидат на пазарот“, „Ова ме шокираше, и моите деца ги јадат“, напишале.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …