(ФОТО) Девет години после трагедијата го претставиле синот:„Тој е лепакот кој го спои и состави ова семејство!“

Холивудскиот актерски пар,Џон Траволта и Кели Престон, во Кан го промовирале својот нов филм „Готи“, но на црвениот тепих, што е поважно, ги претставиле своите деца.
Ќерката Ела Блу пораснала и станала вистинска девојка, додека јавноста после долго време го видела нивниот син Бенџамин, девет години после големата трагедија.На брачниот пар, пред девет години им почина синот Џет.
Тогаш се појавиле информации дека тој умрел, бидејќи родителите како дел од Саентолошката црква одбиле медицинска помош за детето, а релативно брзо, три години подоцна двојката го добила наследникот Бенџамин.
Глумицата го родила доцна, во 49. година и тогаш рекла дека тој е благослов за целото семејство.
Сега, седум години подоцна, нивниот син првпат се појавил пред камерите на фоторепортерите.
„Тој е лепак кој го спои и повторно го состави ова семејство“ рекол контроверзниот глумец, кој освен што во медиумите се спомнува како жесток член на Саентолошката црква, често е доведуван во врска со разни мажи.
Иако нивниот брак со години бил на „стаклени нозе“, тие успеале да им одолеат на трачевите, приказните и понатаму да живеат со своите деца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …