„Големо е задоволството кога во годината на јубилеи констатираш дека има уште еден јубилеј“, велат од Авалон продукција.
Па така со реално јак повод каков што е нов албум на групата, НОКАУТ и Авалон Продукција после 20 години се враќаат на местото каде што „Нокаут“ го одржа првиот голем концерт во СРЦ Кале, во организација токму на Авалон Продукција.
Како термин, на средбата помеѓу “Нокаут“ и огромниот број на нивни фанови е избран 27. октомври во СРЦ Кале.
Сите детали околу влезниците за овој голем славенички концерт ќе бидат објавени на 21 мај, во 21 часот.
Во продолжение, уживајте во најновиот сингл насловен „Што бараш во моја песна“, кој е најава за новиот албум на НОКАУТ.

(ВИДЕО) После 20. години „Нокаут“ и „Авалон“ се враќаат на „местото на злосторот“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.