(ФОТО) Дерматологот на Ангелина Џоли открил 3.тајни за младоликоста на глумицата

Важно е кожата да се негува, а дерматологот на убавата глумица открива 3. „цаки“
На убавината на Ангелина Џоли и се восхитува цел свет! За нејзиното блескаво лице заслужна е една жена, дерматолог, чиј идентитет го открила дури неодамна.
„Мама ме однесе кај неа уште додека бев малечка и оттогаш сум и верна“, раскажала глумицата,а сега нејзината долгогодишна советничка за нега на лицето, доктор Ронда Ранд, за „Refinery29″ ги открила тајните за младешкиот изглед на 42. годишната холивудска дива.
Природност
Според зборовите на докторката Ангелина има природно убаво лице.
„Ангелина имала среќа бидејќи од мајка и наследила прекрасен тен. Отсекогаш била природна убавица па не требало да води многу голема грижа за изгледот. Сега редовно користи кремови со заштитен фактор, нежен тоник за чистење на лицето, антиоксиданси и природни производи. Тоа е се’“, раскажала Ранд.
Патувања
Кога патува Ангелина секогаш носи крем за лице со заштитен фактор кој го осмислила токму нејзината докторка.
Третмани
Единствен третман, освен чистењето, кој ѕвездата го прави е ласерско отстранување на флеките од Сонцето.
„Ангелина нешто порано се соочи со менопаузата и тука како клучна се покажа нејзината „бјути“ рутина. Дури и низ промените кои ги наметнува тој период во животот важно е да се негува кожата и да се користат квалитетни производи како антиоксиданси, ретиноли“ нагласила Ронда Ронд.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …