(ФОТО) Ѕвездата на „Чиста љубов“ тајно „впловил“ во брачните води:Невестата во папучи!

Ѕвездата на „Чиста љубов“, Момчило Оташевиќ во Котор се венчал со својата девојка, глумицата Јелена Перчин.
На венчавката присуствувле само нивните најблиски, а церемонијата била одржана во „Културниот центар“ во стариот град во Котор.
Со звуци на клавир младенците ги изговориле брачните завети. Јелена за таа пригода облекла фустан во боја на маслина, а Цетињанецот се одлучил за класичен сив костум.
За Момчило Оташевиќ немало никаква дилема каде ќе се одржи венчавката.
„За Котор ме врзуват само убави спомени. Котор и Цетиње се некако поврзани. Овој град не освои и’ мене и Јелена, а последните две, три години одморот го минуваме во стариот град, па затоа и’ немаше дилема каде ќе се венчаме“, рекол глумецот.
На хрватската глумица ова и е втор брак, а од првиот со бизнисменот Кристијан Бабиќ ја има ќерката Лота.
Момчило неодамна открил дека тој и Јелена очекуваат ќерка која би требало да се роди во август.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …