(ФОТО) Денес живее бајка, а поминала низ пекол: Убавата Петра Немцова е повторно на црвениот тепих

Една од најпознатите манекенки на сите времиња, Петра Немцова (41), позната по убавата насмевка и природниот изглед, по долго време се појави на црвениот тепих.

View this post on Instagram

A post shared by Petra Nemcova (@pnemcova)



Таа на настанот Taste the Future во Лос Анџелес дојде со својот сопруг Бенџамин Ларече, а парот изгледаше навистина прекрасно. Чешката манекенка се одлучила за бела кошула и црни панталони, а со машна околу половината на комбинацијата и дала романтична нота. Насмеана и весела, Петра блескала и очигледно е дека нејзиниот семеен живот е далеку од рефлекторите, со што е презадоволна со оглед на тоа што зрачи со добро расположение и изгледа свежо и помладо и подобро од било кога.

View this post on Instagram

A post shared by Petra Nemcova (@pnemcova)


View this post on Instagram

A post shared by Petra Nemcova (@pnemcova)



Манекенката го задржала позитивниот став за животот, иако, да потсетиме, во 2004 година поминала низ вистински пекол. Таа била во Тајланд со нејзиниот вереник, фотографот Сајмон Атли, кога ги погодило разорно цунами. Вереникот го загуби животот, а Петра едвај успеала да преживее. Осум часа се држела за палма со повредена карлица, чекајќи помош. Ја спасиле со хеликоптер, кој во болница ја донел со тешки внатрешни повреди и неколку скршени ребра.
По овој настан, Петра ја основа Фондацијата Happy Hearts, која им помага на луѓето ширум светот по природни катастрофи.

View this post on Instagram

A post shared by Petra Nemcova (@pnemcova)


Инаку, Петра Немцова со нејзината организација им помага на бегалците од Украина кои притигнале во Полска.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …