Бред Пит прошетал по здолниште по црвениот тепих во Берлин, на проекцијата на неговиот нов филм, Bullet train.
Носел здолниште до колена и сако во иста боја, како и розова кошула. Необичниот аутфит го надополнил со чизми и очила.
Здолништето на Пит открило и некои од неговите тетоважи на нозете – лице од носорог и човечки череп.
Пит отсекогаш очекувал мажите да додадат здолништа во нивната гардероба. За ова зборувал додека го промовирал својот филм „Троја“ во 2004. година.
„Мажите ќе носат здолништа до следното лето. Тоа е мое предвидување и проглас. Филмот работи за двата пола. Одевме на реализам, а Грците тогаш секогаш носеа здолништа“, рекол тогаш тој.
Пит моментално е на меѓународна турнеја на која го промовира својот последен филм заедно со колегите Џои Кинг, Арон Тејлор Џонсон и Брајан Тајри Хенри.
Извор: zadovoljna.nova.rs
