Бритни Спирс се почесто прикачува разголени слики на популарната социјална мрежа Инстаграм, но последната слика што ја објави привлече големо внимание кај нејзините обожаватели и предизвика загриженост кај нив.
Пејачката која има 40. години го покажа своето исончано тело додека позирала целосно гола носејќи само црвен шешир со широк обод. Таа ги покрила голите гради со рацете и додала мал црвен емотикон во форма на срце за да го покрие својот интимен регион.
View this post on Instagram
Иако повеќето нејзини обожаватели на пејачката и упатиле најубави желби, други биле малку скептични за нејзиниот избор да се соблече целосно гола додека другите луѓе се на плажа.
– Ова не е нудистичка плажа. Погледнете ги облечените луѓе одзади – коментирало едно лице.
– Замислете дека сте некои обични луѓе кои само лежерно се дружат на плажа во четврток, а Бритни Спирс одеднаш се наоѓа до нив и се фотографира целосно гола – се пошегувал друг следбеник.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram