Видеото е апсолутен хит: Во тв емисија биле поканети луѓе кои се смеат на заразен начин


Француското телевизиско шоу C’est mon choix (Тоа е мој избор) ги собрало луѓето со необични смеа и ги поканила да седнат на сцената, што завршило како што би замислиле – со многу смеа.
Емисијата со тема „Мојата смеа не минува незабележана“ собра луѓе кои имаат нешто заедничко, а тоа е заразна, а во некои случаи и бизарна смеа. На видеото се гледа како екипата седи на сцената во емисија во живо со публика во студио, но прилично е тешко да се разбере што се случува. Освен што емисијата е на француски јазик, водителите ги прекинуваат чудни звуци на смеа на кои е тешко да се остане сериозен.


Во текот на целото снимање се слушаат пискотници, врескања, шмркање, па дури и мрморење, а ни водителите не издржале повеќе. Заразната смеа предизвика верижна реакција во целото студио и никој не можел да се запре, јасно е зошто.
Урнебесниот клип има над 5,6 милиони прегледи со повеќе од 40.000 ретвитови и привлекол бројни коментари од воодушевените корисници на Твитер.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЕДИНСТВЕН ЗБОР КОЈ ИМА ИСТО ЗНАЧЕЊЕ ВО СИТЕ ЈАЗИЦИ: Експертите го сметаат овој израз за „мост“ помеѓу различните култури

Комуникацијата во странска земја може да биде огромен предизвик, особено кога не го познавате локалниот …