(ФОТО) ЧИСТЕЛ ТОАЛЕТИ И РАБОТЕЛ КАКО КЕЛНЕР, А ДЕНЕС Е НАЈБАРАНИОТ АКТЕР: Дамите ширум светот се луди по него, а тој сака позната КОЛЕШКА!

Турскиот актер Керем Бурсин е еден од најпопуларните и најзаводливите актери во последно време, кој особено му се допаднал на женскиот дел од публиката и поради неговиот неверојатен физички изглед и поради неговиот заводлив став.

View this post on Instagram

A post shared by Hande Erçel (@handemiyy)


Голема слава и популарност, но и неверојатна љубов му донела главната улога во серијата „Тропни на мојата врата“ во која партнерка му е познатата Ханде Ерчел. Имено, Керем и Ханде се заљубиле за време на снимањето на серијата, а набрзо стапиле во врска. Тоа што се заедно во приватниот живот ги воодушевило и љубителите на серијата, а парот често снимал во живо од снимањето на серијата.


View this post on Instagram

A post shared by Kerem Bürsin (@thebursin)


Керем е роден на 4. јуни 1987. година во Истанбул, а поради природата на работата на неговиот татко морал често да се сели, па живеел во земји како Индонезија, Шкотска, Малезија, Обединетите Арапски Емирати, Америка и многу други. По завршувањето на средното училиште, тој се преселил во Бостон, каде што се запишал на колеџ. Студирал маркетинг и комуникации, а подоцна решил да глуми, а студиите по глума ги завршил на колеџ во Лос Анџелес.


View this post on Instagram

A post shared by Kerem Bürsin (@thebursin)


По дипломирањето останал во Лос Анџелес каде добил бројни понуди за улоги. Две години студирал глума кај Керолин Пикман и Ерик Морис, кои важат за едни од најтешките учители по актерство, меѓу чии ученици биле познатите актери Арнолд Шварценегер и Џек Николсон.

View this post on Instagram

A post shared by Kerem Bürsin (@thebursin)


Додека студирал Херем работел на различни работи. Работел во теретана, каде бил задолжен за хигиена, потоа работел и како возач, келнер, а не е тајна дека еден период работел и како чистач на тоалети.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …