Суви и испукани потпетици, жолти стапала, оштетени нокти, габичките се проблеми со кои се соочуваат многу луѓе, а борбата против кои8 може да биде многу заморна и долготрајна. Сепак, повеќето луѓе се обидуваат да го поправат тоа, или сами или со помош на педикир.
Понекогаш забораваме или немаме време да направиме пилинг на потпетиците или да закажеме педикир за да ги средиме ноктите, но тоа не треба да биде пречка за носење отворени чевли.
Актерката Бри Ларсон, ѕвезда на филмовите на Марвел и оскаровскиот хит „The Room“ во 2016 година, дојде на доделувањето на Screen Actors Guild Awards со јасно видливи габички за ноктите.
Таа година ја освои наградата за најдобра главна актерка и без двоумење застана пред фотографите кои засекогаш го овековечија нејзиното модно издание, но и проблемите со ноктите.
Истото го повторила и во 2017. година на премиерата на филмот „Unicorn Store“, што се одржа на филмскиот фестивал во Торонто.