(ФОТО) Четири мртви по упадот на симпатизерите на Доналд Трамп во Конгресот

Синоќа стотици приврзаници на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот на САД во Вашингтон. Смртно настрадале четири лица, соопштила полицијата во Вашингтон.
Новоизбраниот претседател Џо Бајден на Твитер напишал: “Она што го видовме денес е болен потсетник дека демократијата е кревка. За нејзино зачувување се потребни луѓе со добра волја, лидери кои имаат храброст и кои не се посветени на освојување на моќта и личните интереси по секоја цена, туку на општото добро“.


Вашингтонската полиција соопштила дека четири лица загинале при синоќешниот упад на приврзаниците на Трамп во Конгресот. Досега се уапсени 53. лица, од кои 47. за кршење на одредбата за полициски час.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by The Washington Post (@washingtonpost)

На прес-конференцијата одржана од градоначалникот на Вашингтон и началникот на полицијата Роберт Конти, беа објавени повеќе детали за четворицата кои загинаа при синоќешниот упад на симпатизерите на Трамп во зградата на Конгресот. Тие рекоа дека жената која била застрелана била дел од група демонстранти кои насилно се обиделе да влезат во просторијата каде што се одржувала седницата. Тие беа пречекани од вооружена полиција во цивилна облека, при што еден отворил оган. Жената била пренесена во болница, каде била констатирана смрт. Нејзиниот идентитет не беше откриен се додека не биле известени роднините. Што се однесува до тројцата други кои починаа, двајца се возрасни мажи и една е возрасна жена. Сите три смртни случаи се должат на сè уште непознати итни медицински случаи. Најмалку 14 полицајци се повредени во нападот на Конгресот. Двајца завршиле во болница, едниот со тешки повреди откако толпата го вовлекла во толпата, а другиот поради повреда предизвикана од фрлен предмет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Washington Post (@washingtonpost)

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс објави на Твитер: „Ние силно го осудуваме насилството што се случи тука и жалиме за загубата на животот, како и повредите што ги претрпеа оние што го бранеа Капитол. Мирен протест е право на секој Американец, но нема да го толерираме овој напад врз Капитол. Оние кои се вклучени во него ќе бидат строго санкционирани во согласност со законот “.

Фото: instagram.com/washingtonpost/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …