Твитер го блокирал профилот на американскиот претседател Доналд Трамп на 12 часови.
Во исто време, тие му се заканиле на Трамп дека неговиот профил, во случај „да продолжи да ги крши правилата на Твитер“, ќе биде избришан засекогаш.
BREAKING – Twitter account of President Trump locked for 12 hours.
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) January 7, 2021
"Future violations of the Twitter Rules will result in permanent suspension of the @realDonaldTrump account," warns @TwitterSafety.
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) January 7, 2021
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека повеќе нема да се обраќа до медиумите и го „ослободи“ новинарскиот пул од Белата куќа за да можат да си одат дома.
Сепак, тоа сè уште не значи дека Трамп нема да се огласува на Твитер, што е едно од неговите главни средства за комуникација.
Засега не е познато каде е Трамп во моментот, бидејќи новинарите не го виделе откако им се обратил на демонстрантите во Вашингтон.
Фото: Twitter/ instagram.com/realdonaldtrump/