(ФОТО) БУМ ОД КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Хари се вратил во Америка, Меган ја контактирала кралицата – се случило (НЕ) ОЧЕКУВАНО

Меган не присуствуваше на погребот на принцот Филип, но се јавила на кралицата.
Деновиве се шпекулираше дали Хари ќе остане за 95-от роденден на кралицата. Ако останеше, тоа ќе значеше дека се случило некое помирување и дека односите се измазнети, а ако се врати пред роденденот, тоа значи дека немало помирување. Очигледно, помирување немало бидејќи Хари е дома во Монтесито.
Меган Маркл не отпатува на службата што се одржа во замокот Виндзор во саботата, бидејќи е во напредна бременост – но се наведува дека се погрижила да разговара со кралицата пред погребот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan Markle 🔵 (@meghanmarkle_official)


Меган Маркл и нејзиниот син Арчи разговарале со кралицата пред погребот на принцот Филип, тврди кралскиот извор. Војвотката од Сасекс не отпатувала на погребот, што се одржа во саботата во замокот Виндзор, бидејќи е во напредна бременост. Но, според изворот, актерката се погрижила претходно да стапи во контакт со кралицата. Војводата од Сасекс се врати дома, во Калифорнија, за да биде со Меган и неивниот мал син, по престојот во Велика Британија. Се тврди дека Хари полетал без да го реши конфликтот во кој учествувале неговиот татко, принцот Чарлс и братот принцот Вилијам.


„Браќата разговараа со нивниот татко“

За време на погребот, фокусот бил на тоа дали браќата ќе комуницираат, а братучедот Питер Филипс ги разделил во одот зад ковчегот. Хари и Вилијам беа видени како разговараат по церемонијата, а присутна беше и Кејт Мидлтон. За парот се тврди дека поминале два часа разговарајќи со принцот Чарлс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Azuni London Jewellery (@azunilondon)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …