(ФОТО) Бугарски „Труд“: „Во вените на Тијана Дапчевиќ тече бугарска крв“- Ги присвојуваат сестрите Тодевски или…

Според бугарските новинари сестрите Тијана и Тамара се родени од татко Велко македонски Бугарин и мајка Србинка Бранка, од Босна и Херцеговина(Република Српска).
Бугарските новинари си продолжуваат по старо – сакаат се’ да присвојат и да има само Б’лгари што го потврдува и написот за Тијана Дапчевиќ во весникот „Труд“…


 

Бугарскиот весник “Труд“ се занимава со потеклото на познатите македонски пејачки Тамара и Тијана. Тие „копале“ во семејната лоза на фамилијата Тодевски и ископале неверојатни податоци а за кои самите пејачки немаа појма дека се Бугарки. Според бугарските новинари сестрите Тијана и Тамара се родени од татко Велко македонски Бугарин и мајка Србинка Бранка, од Босна и Херцеговина(Република Српска).



Освен добра актерка, Дапчевиќ се труди да биде и совршена домаќинка. Таа сака често саканите мажи дома да ги изненади со палачинки, затоа што како што вели Вук ги обожува. Често приготвува и паста, во нејзиното семејство познато како „л’зањатата на Тијана“, пишуваат Бугарите.

Во текстот за Тијана и Тамара се пишува за нивните кариери, за семејниот живот на Тијана во Белград со сопругот Милан и синот Вук и за големиот евровизиски успех на Тамара во Израел. И тоа е во ред, но не е во ред што со сила ги прават дека се Бугарки, кога не се! Да не знае човек дали да се смее или да плаче?!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …