(ФОТО) Брз колач „лапни голтни“

Потребно е:
1 кутија плазма бисквити
1 кесичка пудинг од чоколадо
2 кесички пудинг од ванила
1,2 л млеко
500 мл шлаг Хопла
малку рум
Подготовка: во тава 25 х 18 см ставете ги бисквитите натопени во млеко и рум.
Светол крем: пудингот од ванила со 4 лажици шеќер сварете го во 800 мл млеко. Во ладниот пудинг додајте 8 – 10 лажици матена павлака.Жолтиот фил ставете го на бисквитите.
Темен крем: пудингот од чоколадо со 2 лажици шеќер сварете го во 400 мл млеко. Во сварениот крем додајте 8 – 10 лаѓици матена слатка павлака и лесно промешајте.Филот нанесете го над жолтиот крем. Израмнете и оставете да се излади а потоа украсете со матена слатка павлака.
Колачот не е многу сладок а кој сака може да додаде шеќер по вкус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …