(ФОТО) „Брои ситно“: 35. години помладата сопруга на Ричард Гир се пофалила со трудничкото стомаче!

Иако веста дека во 70. годинина на живот Риќчард Гир ќе го добие второто дете, неговата трета сопруга, младата Алехандра Силва, дури сега, службено, ја потврдила својата бременост.
Малку пред првата годишнина на бракот на холивудскиот глумец Ричард Гир и неговата трета сопруга Алехандра Силва, сопружниците ќе го добијат и’ првото заедничко дете. Веста за бременоста е откриена уште во август, само четири месеци по венчавката, а 35. годишната Алехандра дури сега гордо го покажала својот се’ поголем труднички стомак.


View this post on Instagram

¡Soy muy feliz! ❤️ … I’m so happy! #happygirl


A post shared by Alejandra Gere (@alejandragere) on


35. години помладата трета сопруга на Ричард Гир на својот Инстаграм профил објавила фотографија на која позира пред огледало во бања во тесен црн фустан, кој дополнително го истакнува трудничкото стомаче, и покрај неа на шпански напишала „Пресреќна сум“.
Гир со убавата публицистка врската ја започнал уште додека бил во брак со Кери Ловел (поточно додека бил во процес на развод кој со години се одолговлекувал поради поделба на имотот). Но, тоа не го спречило да ја „освои“ 34. години помладата Алехандра Силва, ќерка на Игнацио Силва, бивш потпретседател за финансии на Реал Мадрид.

View this post on Instagram

Perfect Sunday 🐎💫..

A post shared by Alejandra Gere (@alejandragere) on

Инаку 69. годишниот Ричард Гир со бившата сопруга Кери Ловел го има синот Хомер Џејмс, а Алехандра од бракот со Говиндо Фриедландум, исто така има син, Алберт.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност

Денес со почеток во 13:00 часот, во амфитеатарот 3 на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во …