(ФОТО) БРИТАНСКИТЕ МЕДИУМИ ПОВТОРНО ГИ РАЗВЕДУВААТ: Новак и Јелена во Марбелја разменувале нежности И ИМ ЗАТВОРИЛЕ УСТА НА ТАБЛОИДИТЕ!

Британските медиуми, откако заврши Вимблдон, не престануваат нашироко да пишуваат дека во бракот на Јелена и Новак Ѓоковиќ нешто „не штима“ и дека се пред развод. Но, брачниот пар Ѓоковиќ со еден потег им ги затворил устите.

Со написите за разводот предначел таблоидот „The Sun“ кој секој пат кога ќе се појавеле папарацо фотки од Новак без Јелена пишувал дека нивниот брак е во криза.
Најновата вест била дека Новак на плажата во Марбелја е снимен без сопругата.
Набргу следел одговор на брачниот пар Ѓоковиќ кој се појавил на плажата во популарното шпанско летувалиште каде прегрнати прошетале и разменувале нежности.
 

Секако, папараците биле во близина и го забележале овој момент.
Но, не успеале баш добро да се скријат…

… па следел „ритернот’ на Јелена во вид на кренат палец.
После овие фотографии островските медиуми дефинитивно нема да имаат за што да пишуваат…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …