(ФОТО) БРИТАНСКИ ЗАКОНИ – КАКВА АПСУРДНОСТ: Силувал шестгодишно девојче, но нема да лежи во затвор ни еден ден!

Поради тоа што боледува од деменција, Нилон не може да биде сослушан пред судија. Во вакви случаи, англискиот закон нуди три опции, болнички налог за ментално здравје, налог за надзор или распуштање на случајот.
Седумдесет и двегодишниот Ричард Нилон, пензионер од Харбури, село кај Бирмингем, Англија, избегнал да биде осуден за силување и сексуална злоупотреба на шестгодишно девојче, зашто боледува од деменција.
Нилон трипати го напастувал девојчето во 1980. година. Жртвата долго време молчела, но за случајот се дознало кога пред психијатар признала што ѝ се случило пред многу години. Докторот повикал полиција, по што таа и пред судот признала што се случувало.
Тој непристојно ја допирал во два наврата во неговиот дом, кој „секогаш бил отворен за деца“. Третиот пат ја силувал.
За време на апсењето во неговиот дом биле пронајдени порнографски списанија, но и три фотографии со детска порнографија во неговиот комјутер. Но, тој ги отфрлил сите обвиненија дека ѝ направил нешто.


Поради тоа што боледува од деменција, Нилон не може да биде сослушан пред судија. Во вакви случаи, англискиот закон нуди три опции, болнички налог за ментално здравје, налог за надзор или распуштање на случајот. По спроведените медицински прегледи, кои потврдиле дека Нилон пати од деменција и не е способен да присуствува на судење, судијата го распуштила случајот.

Екран.мк/Daily Mail


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …