(ФОТО) Божиќно чудо: Се родило девојче кое е зачнато пред 25. години

Ема како ембрион била замрзната во октомври 1992. година, кога нејзината мајка била стара само 18. месеци. „Тој ембрион и јас можевме да бидеме најдобри пријателки“ рекла Тина.
Жена од Тенеси минатиот месец родила бебе од ембрион замрзнат 1992. година. Тина (26) и Бенџамин Гибсон (33) на 25. ноември станале горди родители на Ема Врен. Ема при раѓањето била тешка 2,9 килограми и долга околу 50 сантиметри. Ема држи рекорд на најдолго замрзнат ембрион кој подоцна е роден. Тина и нејзиниот сопруг одлучиле да побараат помош во Националниот центар за донација на ембриони (НЕДЦ) во Кноксвил, САД, во кој се наоѓаат ембриони кои нивните билошки родители не ги искористиле. На Центарот му се донирани ембриони од сите 50. сојузни држави како и од земји од странство.
Ема како ембрион била замрзната во октомви 1992. година кога нејзината мајка Тина била стара 18. месеци. Ембрионот е одмрзнат во март оваа година и во матката е вметнат два дена подоцна. Брачниот пар Гибсон, кој не може да има деца бидејќи Бенџамин е болен од цистична фиброза, размислувал за посвојување дете пред да се согласи на „посвојуавање на ембрион“.


Posted by Southern Charm Portraits on Dienstag, 12. Dezember 2017

„Ема е слатко чудо. Изгледа совршено“ рекол Бенџмин.
„Тој ембрион и јас можевме да бидеме најдобри пријателки“ рекла Тина.
Во центарот наведуваат дека 49 отсто од вештачките оплодувања завршуваат со раѓање. Околу три четвртини од донираните ембриони го преживуваат процесот на одмрзнување.Џефри Кинан, медицински директор на центарот вели дека имаат привилегија да им помогнат на паровите да станат родители“ пишува AJC.com.
„Се надевам дека оваа приказна ќе ги поттикне останатите да ги донираат „оставените“ ембриони на семејствата кои ги сакаат“ рекол Кинан.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …