Наскоро ќе стане мајка: Холивудската глумица бремена во 42. година

Ѕвездата од серијата „Очајни домачинки“, Ева Лонгорија и нејзиниот сопруг Хозе Бастон, очекуваат бебе.
Иако во медиумите веќе подолго време се појавуваат приказни за бременост, глумицата Ева Лонгорија се’ досега остро ги демантирала, а познато е дека за дополнителните килограми го обвинила преголемото конзумирање сирење и вино.
Сепак, бидејќи нејзината бременост се’ повеќе напредувала, Ева одлучила да ги потврди дотогашните гласини, а среќните вести ги потврдила за „Ју Ес викли“.
Познатиот американски таблоид така соопштил дека холивудската ѕвезда е во четврти месец на бременост и дека во 42. година чека син.
Тоа, воедно, ќе биде и прво дете на Ева со медискиот бизнисмен Хозе Бастон кој од претходниот брак има три деца.
Преубавата бринета со Бастон во врска е од 2013. година, а во брак се од летото 2016. година. Пред него Ева имала двајца сопрузи – кошаркарот Тони Паркер и глумецот Тајлер Кристофер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …