Почина актерката од „Небо и земја“

Американската актерка од виетнамско потекло Хип Тај Ле почина вчера на 46.годишна возраст, како последица на рак на желудникот.
Ле е родена во Виетнам, но кога имала осум години заедно со нејзината мајка и помалата сестра, по едно ризично патување со брод, пребегале кај нивниот татко во Хонк Конг. Потоа семејството се преселило во американскиот град Оукленд.
Актерката е најпозната по својата улога во филмот „Небо и земја“ од 1994 година, каде глумеше заедно со Томи Ли Џонс.
Други попознати филмови во кои се појавила се трилерот „Сурови намери“, „Принцезата од Небраска“, како и „Тераса со поглед кон езерото“, драма која ја третира проблематиката околу расизмот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …