Британскиот моден бренд Boohoo во својата понуда ставил боди со предни танги и клиентите ги оставил во чудо.
Не требало долго ова парче облека со необичен изглед да стане предмет на исмејување на интернет.
„Ми доаѓаат солзи кога ќе го видам ова злосторство против човештвото“, напишала една од корисничките на форумот Mumsnet.
„Предни танги – два збора кои никогаш не би требало да бидат поврзани“, додала друга.
Наскоро почнале да се редат и коментари врзани за фотошопирањето на моделот кој го носи бодито.
„Се прашувам што се случило со вагината на овој модел. Изгледа дека волшебно исчезнала“, бил еден коментар.
Бодито е направено од 95 отсто полиестер и пет отсто еластин, а Daily Mail пренесува дека е скоро распродадено.
Фото: Boohoo