(ВИДЕО+ФОТО) Додека Венецуела гладува децата на социјалистичките водачи се расфрлуваат со богатство

Фалењето со пари, позирање со поп ѕвезди и сликање во раскошни светски хотели – богатите деца на венецуелската социјалистичка елита не знаат ништо за бедата која нивните родители ја посеале во таа земја, која политички и економски се распаѓа.
Најстарата ќерка на водачот на социјалистичката револуција, Хуго Санчез,Мариа Габриела наводно е најбогата венецуелска жена, со лично богатство од 4. милијарди долари, скриено по сметки ширум Европа, пишува Daily Mail.
38. годишната своето богатство го заработила доека служела како прва дама на својот татко, бившиот претседател Чавез, откако тој се развел од втората жена.
Чавез, претседател од 1999. до 2013. година, Марија Габриела ја прогласил за своја хероина кога на починатиот кубански лидер Фидел кастро му се обратила за помош во 2007. година, после неуспешниот обид за државен удар.


Но, Габриела и другите деца на нивната социјалистичка елита се чини дека го заборавиле нивното мото „да се биде богат е лошо“.
Додека Габриела се крие зад дипломатскиот имунитет, со оглед на тоа дека режимот и доделил улога на „алтернативен амбасадор на Венецуела во САД“, нејзината помлада сестра од земјата избегала во срам, после бројните негативни реакции на покажувањето на нејзиното богатство во јавност.

Росинес Чавез само неколку часови откако во 2016. година објавила фотографија на која држи полни раце со долари, седнала на авион за Париз.
Денес има 21. година и ужива во безгрижниот студентски живот на Сорбона.

Од друга страна, наследникот на нејзиниот татко и неговото потомство се однесуваат уште полошо.
Претседателот Николас Мадуро се нашол на удар откако на интернет се појавила снимка на социјалистичкиот лидер како ужива кај селебрити шефот Салт Бо во Истанбул, минатата година, додека во Венецуела луѓето не можат да си дозволат свежо месо.

Неколку месеци порано неговите двајца посиноци, Јошал Гавидија Флорес и Валтер Гавидиа Флорес успеале да потрошат 45. илјади долари на есктраваганен 18.дневен престој во хотелот „Риц“ во Париз.

Хотелска сметка еднаква на платите на 2.000 државјани на Венецуела
Освен тоа, браќата се чести гости на најскапите ресторани, продавници за облека и златарници, додека нивниот татко ја влече земјата по кал.
За среќа, за претседателот Мадуро, неговиот син Николето не се изложува многу во јавноста. Неговата единствена контроверза е што во текот на говорот во Парламентот во 2017. година му се заканил на Доналд Трамп дека ќе ја заземе Белата куќа ако американската војска ја нападне Венецуела.
Даниела, ќерката на Мадуро привлекла внимание со својот изглед, но и стилот., нејзиниот дечко е латинската поп ѕвезда Омар Ацедо.

Од венецуелската социјалистичка елита засега лошо минале само двата внука на првата дама на Венецуела, Силиа Флорес. Ефраин Антонио Компо Флорес и Франко Франсиско Флорес во 2017. и 2018. година завршиле во затвор откако биле фатени во обид за криумчарење на 20. милиони долари вреден кокаин во САД преку Хаити.

Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …