(ФОТО) Блаж Маротов го промовира својот албум со седум песни, хитови


“Музичка ѕвезда по втор пат” , вака синоќа беше опишан мултиталентираниот и мултимедијален македонски поп пејач, композитор, музичар, професор по музика, Блаж Маротов, кој го промовираше своето најново ЦД-издание насловено “Среќа барам….”


Во присуство на водечките естрадни новинари и уредници, своето семејство, свои обожаватели, музичари, меѓу кои и маестро Милан Завков, Блаж ги претстави своите седум песни и спотови, а дел од нив запеа и во живо, придружен од својот син Бојан.



Минатогодишниот хит на хрватски јазик, омилен кај домашната публика и пошироко, “Роман за нас” ја отвори вечерта, а музичкиот дел го затвори со новиот хит „Еј среќо” , по кој е насловен албумот, а кој моменто е голем радиски хит на познатото скопско Скај радио. Нејзин автор е Горан Стојановски, кој живее во Германија.
Блаж е автор на своите песни и своите видео спотови, а освен него како автори се појавуваат и со по еден текст и Цане Трајчевски, Георги Барбаровски и Дејан Георгиевски


Зошто музичка ѕвезда по втор пат? Ако досега публиката го знаеше како соло изведувач и најчесто во дует со својата прекрасна сопруга Јуле, ако го знаеше по бројните музички и ТВ проекти каде исполнуваше секаква музика, ако го знаеше по соработките со балкански музичари дури и со мегапознатиот Горан Бреговиќ, со кого соработувал кога “Бијело дугме” во Студиото М3 во Скопје го снимале албумот „Успаванка за Радмилу М.”, и бил одреден тип на музичка ѕвезда, сега е веќе по втор пат но кој чекори по едни поинакви, соло патеки.



Љубовта е секогаш главната тема низ сите негови нежни џентлменски романтични песни, без оглед дали се медитерански обоени, латино, шлагерски или меланхолично.
– Среќен сум што го објавив моето ЦД, иако скоро сè сам морав да изнесам на мој грб, а би требало нели само да пеам и компонирам, и му благодарам на семејството што имаше трпение за мојата целосна посветеност во студиото, нагласи Блаж, притоа информирајќи дека наскоро ќе следува и неговиот етно албум “Класика М”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Димиш одржа промоција на неговата нова песна и видео запис за „Срце и мозок“

Веќе одлично етаблираниот на македонската рок сцена Димиш одржа промоција во „Лабораториум“ за неговата најнова …