(ФОТО) 10. ВЕЧНИ ПАРЧИЊА кои морате да ги имате: На нив никогаш не штедете бидејќи не излегуваат од мода!

Дали сакате секогаш да изгледате како да сте се симнале од модната писта?
Ви претставуваме 10 парчиња кои, според списанието Cosmopolitan, ќе направат да изгледате модерно и кои ќе бидат модерни секоја сезона, затоа никогаш не штедете на нив.

Кожна моторџиска јакна
Во неа секогаш ќе изгледате одлично бидејќи можете да го комбинирате со се, од фармерки до фустани и џемпери. Важно е да знаете дека ова парче станува подобро со возраста.


View this post on Instagram


A post shared by Arianna Rapaccioni Mihajlovic (@ariannamihajlovic)


Бела кошула
Никогаш не излегува од мода поради нејзината едноставност. Не е важно дали носите миди или „молив“ здолниште, ќе изгледате елегантно, додека во комбинација со фармерки, изберете подолг модел.

Мал црн фустан


Уште кога Коко Шанел го лансираше малиот црн фустан, тој стана незаменливо парче. Можете да го носите во секое време, со било што. Затоа е добро да го поседувате, бидејќи не е важно дали ќе облечете тексас јакна или палто над неа.

Добар пар фармерки
Уште едно парче кое никогаш нема да излезе од мода. Купете фармерки со највисок квалитет и не штедете. Тесните фармерки обично се избор на жени, но не заборавајте на „оние машките“ кои се идеални за опуштени прошетки.

Торба
Неопходно е да се избере торба што ќе трае долго време. Важно е да обрнете внимание која торба можете да ја вклопите со секоја сезонска гардероба, но која содржи мал број детали, има многу прегради и добри рачки. Бојата на чантата е исто така важна, како што се темно сина, црна, кафеава, морнарско сина.

Блејзер
Ниту едно парче не ги претвора обичните комбинации во трендови како што тоа го прави блејзерот. Без разлика дали ќе изберете потемен или посветол, блејзерот ќе додаде допир на шик во секој стајлинг.

Кашмирско палто
Можеби нема да сте среќни поради цената, но се исплати да го купите бидејќи ќе трае многу години. Природните влакна како кашмир се всушност потопли и траат подолго од нивните поевтини колеги. Ако се уште не сте убедени, одете во продавница и само почувствувајте го тој мек материјал.

Топови со пруги
Викенд изгледот е незамислив без топ со линии и добри фармерки или кратки шорцеви. За малку попрефинет изглед, комбинирајте миди здолниште со маичка со линии и уживајте во сончеви денови.

„Оксфордки“
Еден од задолжителните трендови за пролет и лето се неодоливите оксфордки. Можете да ги носите со летни разиграни фустани или фармерки, а кога станува збор за боите, изберете кафеава боја, која одлично одговара на се.

Кроени панталони
Изберете пар што ги издолжува нозете и во кој изгледате убаво и заводливо. Ова парче облека ќе послужи добро за излегување и за сите други прилики кога е потребен добар прв впечаток.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …