(ФОТО) Беспрекорен стил: Меган Маркл во летен фустан на поло натпревар!

Бившата глумица од ден во ден ги полни медиумите. Кога не е во средиште на вниманието поради кралските гафови или семејни проблеми, Меган Маркл се спомнува во контекст на модна икона која со својот изглед го плени вниманието каде и да се појави. Откако се придружила на принцот Хари и кралицата Елизабета II. на прием во Бакингамската палата и за таа пригода облекла бледо розов фустан на Прада, Меган е забележана во уште една беспрекорна модна комбинација.

Војвотката од Сасекс ги придружувала принцот Хари и својот девер, принцот Вилијам како играат поло. И се придружила и блиската пријателка Серена Вилијамс, како и нејзиниот сопруг Алексис Оханиан. Во, фокусот,
како и секој пат до сега, било што облекла Меган Маркл за појавувањето во јавност. За таа пригода избрала долг,без ракави Шошана Грушалјин фустан со светло кафеава пепито шара, бел Мадевел шешир и кожни сандали Сара Флинт.
Иако е совршен одечка реклама за бројни дизајнери, Меган и Хари до сега сами го финансирале импресивниот роман. Кралската биографка Кети Никол вели дека повеќе не е така:„Сега кога стана дел од кралското семејство, војводата од Сасекс ги покрива трошоците на кралскиот орман на Меган Маркл“.Трошокот,вели е оправдан бидејќи:“Меган сега е амбасадор на кралското семејство. Погледнете само како ја освои јавноста околу венчавката, а тоа вредеше секое пени“.


Веќе се знае дека Меган има стил и умее да комбинира, и тоа не само „лудечки“ скапите дизајнерски парчиња за кои обичните смртници можат само да сонуваат, туку и фустани, ташни и чевли по пристапни или барем средни цени.
Се’ што Меган ќе облече се позлатува. Или се продава за четири пати поголем износ на Е-бај. Сличен ефект имала и Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам, но стручњаците тврдат дека јавноста и е повеќе наклонета на симпатичната Меган.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Почеток на црковната година

Почеток на црковната година Првиот Вселенски Собор определи црковната година да почнува на 1 септември. …