(ФОТО) Летна мода: Кои ткаенини треба да се носат преку лето а кои да се одбегнуваат!

Иако е добро е познато дека особено преку лето треба да се внимава на материјалите од кои е сошиена облеката и дека треба да се одбегнуаваат материји во кои кожата не дише, често ни е тешко да одолееме на преслатката маичка која не е направена од 100. отсто природен материјал.
Бидејќи летото веќе започна време е за преуредување на орманите и потрага по совршени летни парчиња во кои нема да „зовриваме“.
Изборот на ткаенини кои ги носиме во текот на топлите летни месеци е многу битен па секако настојувајте да одбегнувате облека во која кожата не може да дише.
Ова се ткаенините кои се совршени за лето:

Памук
Класичен прозирен памук е одличен избор за се, од блузи до прекривки за кревет до лесни фустани. Освен тоа, памучната облека одлично изгледа било да ја носите за дневни или ноќни пригоди.


Лен
Има ли поудобно нешто од облека направена од лен, ткаенина која е пријатна за носење во текот на летните горештини. Ефикасно го спречува потењето иако има една маана: лесно и бргу се гужва.

Свила
Ова е луксузна ткаенина позната по тоа што се прилагодува на темепратурите. Без оглед дали е топло или ладно, свилата овозможува извонредна изолација. Во облека од оваа ткаенина преку зима е топло, а преку лето пријатно лади. Совршена е за летни вруќини: тенка е, лесна, мека и не го поттикува потењето.


Вискоза
Едно од најпопуларните вештачки влакна кое настанува од остатоци на целулозни влакна и по хмеискиот состав е многу слична на памукот. Токму поради тоа вискозата е пријатна за носење во текот на големите вруќини и го лади телото.

Кепер (американ)
Ако сте вљубени во тексас, ако сакате нешто полесно, кеперот е совршен материјал за вас. Ако и во текот на вруќините не сакате да се откажете од носење долги панталони изберете модел од кепер бидејќи во него ќе се чувствувате пријатно.


Ова се ткаенини кои треба да се одбегнуваат преку лето:

Акрил
Токму како и најлонот акрилот не е природен материјал. Иако од него често се изработуват летни фустани и здолништа, во него не е баш пријатно за време на големите вруќини.

Полиестер
Уште една ткаенина која треба да се одбегнува е полиестерот. Оваа вообичаена ткаенина е за пат и отпорна на гужвање, но многу го поттикнува потењето па преку лето треба да се одбегнува.

Флис
Флисот не треба посебно да се објаснува бидејќи е лош избор за летна облека. Со оглед на тоа дека се произведува од полиестер, овој материјал ја задржува влагата и ја намалува природната вентилација. Слични правила важат и за облека од винил кој во последно време на голема врата се вратил на модната сцена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велика Сабота

Велика Сабота Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика …