(ФОТО) Баба ја продава куќата во која живеела 102 години: Ја купиле за 200 фунти, сега може да добие близу 200.000 евра

Имотот со три спални соби семејството на Ненси го купила во 1921 година
Ненси „Џоан“ Гифорд е родена само неколку месеци по завршувањето на Првата светска војна, а во вторникот наполни 104 години. Иако не е најстарата жена на светот, Џоан дефинитивно може да се вброи во категоријата на оние кои го поминале својот живот под ист покрив.
Имено, оваа дама ја продава куќата во која се вселила кога имала само две години, пишува Daily Mail.
Семејството на Ненси го купило имотот со три спални во 1921 година за само 200 фунти, што е приближно 10.000 (околу 11.400 евра) денес. Еден век подоцна, куќата се проценува на 169.950 фунти (193.810 евра).
Нејзиниот син Џон (79) вели дека најдоброто детство го поминал во Сомерсет, Англија.
– Кога бев помал, имаше толку многу семејства овде покрај улицата и се познававме. Времето што го поминавме како деца беше фантастично, шетавме по полињата, пливавме во реката, гледавме како се гнездат птиците, толку многу работи што децата не ги прават денес. Сите бевме сиромашни, но среќни – заклучува тој.

Според агентот за недвижности, куќата била изградена во 1882 година, а освен кујната и бојадисаните ѕидови, сè повеќе или помалку останало во првобитната состојба.
– Таа куќа мора да содржи многу спомени за Ненси и нејзиното семејство, но сега, повеќе од еден век подоцна, време е уште едно семејство да направи спомени – вели агентот.
Ненси ја продава својата куќа и планира да се пресели во дом за стари лица поради здравствени причини.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …