(ФОТО) БАБА (104) БОРЕЦ СТАНАЛА СИМБОЛ НА НАДЕЖ ВО НАПАТЕНА ИТАЛИЈА: Преживеала две војни па ја победи корона – Нејзината насмевка сите ги трогнала!

Баба од Италија, Ада Занусо (104) станала симбол на надежта во напатената земја што се бори со пандемијата на коронавирус, откако ја победила болеста.
Бабата Ада, во своите 104. години, успеала да преживее две војни, но и да се бори против новиот коронавирус, со што станала една од најстарите лица во светот што го победи Ковид-19.
Родена е во 1916. година, а изминативе неколку години живеела во старечки дом во Лесона, во областа Бели, каде короната ги однела животите на корисниците на овие домови, пренесува Ла Република.


По потекло од Венето, во 1947. година со сопругот и првото од четирите деца се преселила во провинцијата Биела. И покрај тоа што секогаш била со генерално добро здравје и независна, пред неколку години откако го скршила колкот, таа морала да биде сместена во дом недалеку од својата куќа.
“Беше лошо во почетокот на март. Таа имаше треска и повраќаше. Не можев да ја најдам затоа што посетите беа забранети поради пандемијата, но можев да разговарам со неа секој ден. Се разбира, веднаш се сомневав дека може да биде коронавирус, затоа што веќе имаше неколку инфекции во старечкиот дом “, рекол нејзиниот син Џампиеро.
Сепак, на 17. март беа тестирани лица над 100 години, а неколку дена подоцна резултатот беше позитивен. Но, во тој момент, мајка ми беше во ред, веќе се опоравуваше “, рекол нејзиниот син. Парадоксално, кога дознала дека е заразена, таа веќе била на патот за закрепнување, откако ја надминала кризата од една недела.
Нејзиното закрепнување го потврдила лекарка задолжена за нега на стари лица.
„Таа веќе станува од кревет и седи на стол. Нејзиното закрепнување е голема радост и награда за сите што се грижеа за неа во овие тешки денови“, рекла таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ханами – промо настан за Сакура фестивал

Денес во барот Кантина, со почеток во 17:00 часот ќе имате можност да запознаете некои …