Медицинска сестра од Велика Британија предупредува на најраниот знак на вирусот:„Пред кашлањето и температурата се јавува овој симптом!“

Медицинската сестра детално ги опишала првите симптоми што ги имала. Во нејзиниот случај, изгледало вака …
Лиза е медицинска сестра во Велика Британија која успешно се справи со корона вирусот. Таа поминала поблага форма на овој вирус и вели дека имала треска и сува кашлица која траела скоро две недели. Ниту симптомите како што се гадење и малаксалост не ја одминале, пренесува Експрес.
Сепак, неколку дена пред овие добро познати симптоми, се појавиле болка во зглобовите и мускулите. „На почетокот мислев дека е замор и болката е резултат на премногу работа и долго стоење“.
Лекарите и многу студии покажале дека тоа е болка што се јавува во овој дел од телото пред вирусот да навлезе во телото.


“Бевме на едно предавање и кога се вратив дома чувствував помала болка во зглобовите. Тоа беше во петокот. Следниот ден, болката стана посилна. Се чувствував како некој да ме прободува со игла на мускулите и тогаш се посомневав на вообичаен грип.Во неделата кога состојбата ми се влоши и кога почнав да чувствувам вртоглавица отидов на преглед и резултатот на тестот на корона вирусот беше позитивен “.
„Ако чувствувате болка во зглобовите и мускулите и нема оправдана причина за нив, најдобро е да се изолирате од остатокот на домаќинството, за да не ги загрозите“, вели таа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …