Љубовта на децата кон родителите е голема како и нивната кон нив, па понекогаш разделбата, како во случајот на разводот помеѓу Ангелина Џоли и Бред Пит (кои имаат шест деца) тешко им паѓа на децата…
Додека се одвива разводот меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит, каде најспорна точка е старателството над децата, нивната најстара биолошка ќерка Шајло одлучила да побегне од дома за да го види татко и’.
„Се разбира дека Енџи полуде. Тоа е најлошиот кошмар на секој родител“, изјавил извор близок до холивудската ѕвезда кој исто така тврди дека 12.годишната Шајло е многу блиска со татко и’ и дека најверојатно е многу фрустрирана што не може да го гледа кога што ќе посака.
„Бред не и се налути на Енџи, но сепак сметаше дека е страшно што Шајло излегла незабележано од куќата со силно обезбедување, особено имајќи предвид колку Енџи е потресена за безбедноста и има ангажирано телохранители и дадилка“, додал изворот.
Веста дека Шајло побегнала од дома следеше неколу недели откако „Бласт“ објави дека судот и наложил на Џоли дека мора да му дозволи на Пит да ги гледа децата најмалку четири часа секој втор ден во работни денови и 12. часа секој втор ден кога децата не се на училиште.
Џоли и Пит се разделија во 2016 година по 11. години врска, и имаат шест деца.Некои медиуми сметаат дека Џоли намерно „парадира“ во јавност со децата додека трае судскиот процес за разводот.