(ФОТО) Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер станале родители по втор пат: Бившата тенисерка радоста ја поделила со фановите!

Некогашната тенисерка Ана Ивановиќ, на Инстаграм, објавила дека Лука добил брат…
Ана Ивановиќ (31) и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер (35) по втор пат станале родители.
„Преплавени сме со љубов и среќа. Нашиот син доби помал брат“, напишала Ана во описот на фотографијата на која среќните родители бебето го држат за рачињата.

View this post on Instagram


We are bursting with love and happiness. Our boy got a little brother 💙💙

A post shared by Ana Ivanovic (@anaivanovic) on


Да потсетиме Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер во март минатата година станале родители на малечкиот Лука. Тие својата врска ја обелодениле на еден натпревар кога капитенот на германската репрезентација на теренот истрчал во копачки на кои го пишувало нејзиното име и датата на почетокот на врската – 5. септември 2014. година, но и зборот „душо“. Парот судбоносното „да“ го исговорил во Венеција пред три години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …