(ВИДЕО) НЕОБИЧНА ХРАБРОСТ – ЗА ВРЕМЕ НА ГРАБЕЖ МУ ВПЕРИЛЕ ПУШКА ВО ГЛАВАТА А ТОЈ ЗАПАЛИЛ ЦИГАРА: Вака смирен човек сеуште не сте виделе – крадецот не знаел што му се случува!

Необичен грабеж се случил во американскиот град Сент Луис кога маж со автоматска пушка влегол во кафуле.
Гостите на кафулето веднаш легнале на подот, но еден човек продолжил да седи како ништо да не се случува, па го зел телефонот за да прочита нешто на него.

Кога крадецот му се приближил со пушката и сакал да му го земе телефонот, овој смирен човек не му дозволил да го стори тоа, а во видеото, кое се појавило на Интернет, јасно може да се види дека воопшто не му е гајле дека има вооружен напаѓач пред него.
Тогаш се случила луда ситуација затоа што крадецот влегол во шанкот и минал покрај касата, но воопшто не ја видел! Цело време тој гледал во гостинот на кафулето, кој дури запали и цигара.
Крадецот се прошетал зад шанкот, а потоа излегол и собрал пари од гостите. Се разбира, тој не го допрел овој мирен гостин. За да ситуацијата биде потешка, тој цело време разговарал со крадецот, а на видеото се гледа како покажува неколку пати во правецот на касата. Крадецот на крајот го принудил шанкерот да ја отвори својата каса, ги собрал парите, а тоа било крајот на снимката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …