(ФОТО) Ал Пачино вљубен на 79. години: Срцето „му го украла“ двојно помлада глумица

Американскиот глумец Ал Пачино неодамна ја прекинал врската со Лусила Сола, но среќата ја пронашол во нова жена, која е двојно помлада од него…
Ал Пачино „впловил“ во емотивна врска со израелската глумица Митал Дохан, а после шпекулациите во медиумите биле снимени од фоторепортери во Лос Ангелес.


Новиот холивудски пар е забележан на прошетка во Лос Ангелес, поточно во Западен Холивуд, а судејќи по папарацо фотографиите изгледале многу блиско и задоволно.
„Тие тајно се гледаа неколку месеци, а изгледаат многу среќни“, рекол извор за Page Six.

Иако не е точно познато од кога се Ал и Митал заедно, светските медиуми дознале дека ѕвездата од серијата „Weeds“,е 39. години помлада од холивудскиот глумец, како и дека живее во Лос Ангелес, градот во кој тој го снимал филмот „Беше еднаш во Холивуд“ (Once Upon A Time In Hollywood).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …