(ФОТО) Животот на Бил Козби зад решетки: За прв оброк му послужиле пудинг!

Бил Козби веднаш по пресудата го одвеле со лисици на рацете, а жртвите пред судницата чекале со насмевки на лицето. Правдата е задоволена, рекле жените кои ги злоставувал…
Телевизиската ѕвезда Бил Козби (81) е прогласен за виновен за обвинението за дрогирање и силување на кошаркарската тренерка Андреа Костанд. Поради тоа ќе отслужи затворска казна од три до 10. години.


Вчера му бил првиот ден во затворот, а за првиот оброк добил пилешко со зеленчук и печурки, ладен чај и пудинг од ванила, објави ТМЗ. Не се знае од кој познат бренд бил пудингот, а корисниците на социјалните мрежи се пошегуваа дека се надеваат дека тоа беше пудингот „Jell-O“ чие заштитно лице на рекламната кампања беше токму Козби во 1987. година.


Судијата ќе одлучи за должината на казната

Бил Козби веднаш по пресудата го одвеле со лисици на рацете, а жртвите пред судницата чекале со насмевки на лицето. „Правдата е задоволена. Би сакале да добиеше казна од 30. години, но и ова е добро. Важно е дека заврши зад решетките“ рекла една од злоставуваните жени.
Козби добил казна од 3 до 10 години затвор, а судијата дополнително ќе извести за точната должина на казната и неговата судбина.


Во регистар на „насилни сексуални предатори“

Судијата Стиви О’Нил на судот во Пенсилванија рекол дека дошло „време за правда“ и дека тука станува збор за „многу сериозен злостор“. Додал и дека Козби е „закана за општеството“ и го пријавил во регистарот на „насилни сексуални предатори“. Кога Козби ќе излезе од затвор, ќе мора на полицијата да и ја јавува својата локација и сите училишта ќе бидат известени за неговата близина.
Глумецот ќе мора да ги плати и трошоците за судењето во износ од 25.000 долари. Неговиот адвокат барал куќен притвор поради лошата здравствена состојба на Козби и фактот дека глумецот е слеп и дека тешко се движи. Судијата го одбил тој предлог.

„Судењето беше расистичко?“

Гласноговорникот на глумецот, Ендрју Вајт, рекол дека ова судење било „изразито расистичко“.
Кога адвокатот на Козби го прашал јавниот бовинител зошто Козби го носат со лисици, обвинителот му рекол:„Видете кога некого го одведуваме, тоа не е причина за славје. Кога некому му ја одземаме слободата ситуацијата ја сфаќаме многу сериозно. Нема да се извинуваме бидејќи си ја вршиме работата. Наша работа е да ги одвоиме сексуалните предатори од добрите луѓе во нашето општество“.

Да потсетиме, глумецот познат по серијата „Козби шоу“ досега дури 60. жени го обвиниле за сексуално злоставување кои прво ги дрогирал а потоа и силувал. Козби прво ги негирал тие тврдења, а минатата година признал дека на девојките често им давал одредени опијати за да „се опуштат пред сексот“.

„Бил Козби го зема мојот младешки, прекрасен, здрав дух и го скрши“, рекла жртвата Андреа Костанд и со тоа го заклучила случајот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …