Во три месеци починаа два актери: Дали „Синови на анархијата“ е проколната серија

Васкез е вториот глумец од оваа серија кој почина за само три месеци. Неговиот колега Алан О’Нил почина од труење со алкохол во јули.
Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата во серијата „Синови на анархијата“, почина од срцев удар во 49.та година од животот. Неговото тело е пронајдено завчера вечер во домот на неговиот татко во Сан Хозе, Калифорнија.
Актерот е пронајден без свест, а и покрај обидите на екипата од Итна помош, тој не покажа подобрување и е прогласен за мртов.
Освен во „Синови на анархијата“, Васкез глумеше и во „Како ја запознав мајка ви“, „Итна помош“, „Истрага на местото на злосторството: Њујорк“ и други познати серии и филмови.
Васкез е вториот глумец од оваа серија кој почина за само три месеци. Неговиот колега Алан О’Нил почина од труење со алкохол во јули.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„ZIVE” – Прва самостојна изложба на Живка Величковска

Во среда, на 12 февруари 2025 година, во изложбениот салон Галерија 22 при Центарот за …