(ФОТО) Адел покажала неверојатна трансформација – ослабнала 45. килограми

Откако минатата година изгубила дури 45 килограми, приказната за трансформацијата на пејачката Адел не престанува.
Таа ја објавила најновата фотографија за да им се заблагодари на обожавателите за роденденските честитки и луѓето не можат да престанат да и се восхитуваат, како и од линијата што ја покажала во тесен црн фустан.


“Ви благодарам на сите за роденденската љубов. Се надевам дека сите останавте безбедни и здрави во ова лудо време. Исто така, би сакала да им се заблагодарам на сите работници кои не чуваат на безбедно ризикувајќи ги своите животи. Вие сте навистина наши ангели”, напишала таа покрај фотографијата.
Криси Тејген, сопругата на Џон Легенд, била меѓу првите кои коментирале: „Мора да ме шегуваш“.
Таа доби и бројни други комплименти во коментарите.
„Таа половината“, „Изгледаш неверојатно“, „Не те препознав, ти си убава“, „Кој е таа и што направи со Адел?“, „Дали е ова реално? Јас скоро не те препознав“, „Како успеа да дојдеш до таков струк?“, „Каква трансформација“, се нижеле коментарите, а фотографијата добила над милион лајкови за само еден час.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …