(ФОТО) АБНОРМАЛНО ЗАРАБОТУВА – ЖЕНИТЕ МУ ПЛАЌААТ 6.000 долари за ЕДНА НОЌ!: Исповед на машки ескорт!

Мускулестиот Австралиец во своите мемоари го опишал својот бурен живот…
Австралиецот Рајан Џејмс, по успешната кариера во финансии, решил целосно да ја промени професијата, па станал машка деловна придружба.
Објавил мемоари во кои ги опишал најинтересните ситуации од животот на машката деловна придружба (ескорт, жиголо). Џејмс за своите услуги наплаќа од 600 до 6.000 долари.
Меѓу другото, тој напишал и зошто жените ги бараат неговите услуги и како на семејството и пријателите им признал со што се бави.
– Не им кажав веднаш на моето семејство што работам. Речиси веднаш им кажав на пријателите, но семејството дури подоцна дозна. Имаше секакви реакции, но односите во семејството останаа исти. Оваа работа не е нешто што родителот би ја избрал за своето дете – искрен е Рајан.
Својата работа ја нарекува „наградувачка“, а потоа открил што најчесто бараат жените од него.
– Жените обично бараат да излезат на вечера. Сценариото вклучува типичен вечерен оброк и запознавање, проследено со враќање во хотелот или апартманот на клиентот за персонализирано и лично искуство – објаснува Џејмс.

На неговата веб-страница ова искуство се нарекува „луксузен вечерен состанок“, а Џејмс го наплаќа околу 3.500 долари за шест часа „опуштање и уживање“ или 4.500 долари за ноќна забава со појадок.
– Секој клиент кој сака средба со мене сака некакво друштво. Од искуство можам да кажам дека мажите се повеќе фокусирани на сексуалната страна на нештата. И жените се фокусирани на сексот, не би доаѓале кај мене да го нема тоа, но ние поминуваме и многу време во разговор – тврди Џејмс.


Тој додава дека повеќето луѓе би биле изненадени кога ќе видат какви жени ги бараат неговите услуги.
– Многу жени кои ги користат моите услуги можат лесно да одат во кафеана и да изберат кој било маж и да имаат секс со него. Она што тие го сакаат е сосема поинакво сексуално искуство. Понекогаш тоа се жени кои неодамна се развеле или дами кои се уште се во брак, но долго време не биле интимни со партнерот. Имав клиенти кои беа девици, но и парови кои сакаа „тројка“ – вели Рајан.

– Најмладиот клиент што го имав имаше 20 години, а реално ретко се случува да имаш клиенти на таа возраст, иако тоа понекогаш се случува – вели тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Трага на Нематеријалното“ – изложба на Софија Грабулоска

Вечерва на театарската сцена во Центарот за Култура „Браќа Миладиновци” во Струга, со почеток во …