(ФОТО) 14 МОЌНИ ПОРАКИ НА СОФИЈА ЛОРЕН: Насоки за исполнет живот и среќа за секоја жена!

Една од најубавите жени на светот им сподели мудри совети на помладите генерации
Софија Лорен (87) е синоним за убавина, харизма, талент, шарм и префинетост. Таа е веќе во својата деветта деценија и со гордост ја носи својата возраст.


Оваа италијанска убавица достигна светска популарност. Во актерската кариера од над 60. години, таа глумеше во 200. филмови, италијански и холивудски.
Зад неа е искуство вредно злато. Иако и самата една од најубавите жени на светот истакнала дека изгледот не е она што ја прави жената убава. Нејзините цитати можат да ни послужат како животни насоки и формули за среќен и исполнет живот.

View this post on Instagram

A post shared by Sophia Loren (@simplysophialoren)



1. „Добриот изглед не е сè, но додадете шарм и светот е под вашите нозе“.

2. „Жената која е цврсто убедена во својата убавина на крајот ќе може да ги убеди сите други во неа“.


3. „Љубовта е срамежлив див цвет, а не градинарска роза. Среќна е таму каде што расте“.

4. „Паметните жени ги забележуваат мажите, убавите очи се издвојуваат од толпата и само шармантните не се забораваат“.

5. „Ако девојката е неверојатно добра во младоста, но отсутна и не заврши ништо до крај, убавината брзо ќе исчезне. Ако има многу скромни надворешни потенцијали, но силен карактер, нејзиниот шарм ќе се зголеми со годините“.


6. „Се верува дека недостатоците на лицето треба да се кријат. Но, што се недостатоците? Многу често необичните црти најдобро се нагласуваат, а не се кријат“.
7. „Ако имате среќа да ја задржите душата на детето во себе, тогаш најдоброто од вашиот живот допрва доаѓа“.

8. „Ништо не ја прави жената поубава од верувањето дека е убава“.

9. „Ниту една личност не може да ви го исполни целиот живот, едноставно нема да може да разбере некои мисли и чувства. Тука пријателството прави чуда“.

10. „Едноставноста е суштината на елеганцијата“.


11. „Тешко е да се биде неодолив ако си мрзлив“.

12. „Најважниот зачин на доброто семејно готвење е љубовта: љубов кон оние за кои готвите“.

13. „Мајката треба двапати да размислува: еднаш за себе, еднаш за своето дете“.

14. „Карактерот е најважната компонента на убавината“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …