Жена на социјалната мрежа Инстаграм споделила видео кое брзо станало вирално…
Наутро кога ќе се разбудиме, обично првото добро утро го добиваме од саканата личност или саканите, односно ако сте во хотел, од персоналот, но оваа жена доживеала нешто неверојатно.
Сакаши одмарала во хотел во Тајланд, а додека спиела, на прозорецот и се појавил слон кој ѕиркал низ прозорецот од нејзината соба, а потоа почувствувала дека почнал да ја „грицка“ со својата сурла.
View this post on Instagram
Оваа жена била многу пријатно изненадена од сцената што ја видела на својот прозорец, а тоа го покажува и описот што го објавила заедно со видеото на Инстаграм.
– Ова одморалиште во Чианг Маи, Тајланд има слонови да ве будат наместо персоналот на рецепцијата или вашите будилници. Уште подобро, можете да одите, да јадете, да се капете и да си играте со нив одблизу. Ова искуство беше нешто поинакво.
View this post on Instagram
Затоа, следниот пат кога ќе планирате да одите на Тајланд, не заборавајте во вашето патување да го вклучите и градот Чианг Маи, кој е опкружен со планини, реки и слонови.
Фото: Принтскрин/Instagram