(ВИДЕО) ТУРЦИТЕ ГИ ПРАВАТ НАЈСОЧНИТЕ ЌОФТИЊА СПОРЕД СЛЕДНИОТ РЕЦЕПТ: Нивната тајна е во еден трик!

Лесно се прават и имаат неодолив вкус!
Еден од најважните трикови за вкусни и сочни ќофтиња е да не користите мешано мелено месо, туку само еден вид. А освен тоа, турските готвачи добро ги зачинуваат пред да се пржат. Најчесто се служат со салата.
Состојки:
1 кг мелено месо
1 лажичка црн пипер
1 лажичка вбуковец
1 лажичка црвен пипер
1 лажичка ким
1 лажичка коријандер
1 лажица рендан лук
1/2 чаша магдонос
1 главичка кромид
Подготовка:исечете го кромидот и ставете го во вода. Во меленото месо додадете зачини, лук, магдонос и убаво измешајте. Процедете го кромидот и додадете го во смесата со месото. Добро измешајте, па со раце извадете и формирате топчиња, а потоа добро израмнете ги. Се пржат на загреано масло.


Фото: Принтскрин/Youtube مطبخنا اليمني Our Yemeni Kitchen

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …