Final Exam, изложба на дела од завршната изложбата на Факултетот за ликовни уметности

Во уметничката галерија „Пионери“ во Скопје, од денес па се до 27 октомври ќе биде поставена изложбата на дела од завршната изложба на Факултетот за ликовни уметности насловена како Final Exam.

Завршната изложба на Факултетот за ликовни уметности одржана во просториите на Педагошка Академија и Сули Ан нè остави целосно инспирирани да креираме ново случување каде би ја возвишиле повторно уметноста. Овие изложби го одземаат здивот и ја најавуваат уметничката сцена што доаѓа во нашата земја.


Во изминатите години ги посетувавме изложбите и без сомнение тоа се најдобрите уметнички случувања во градот. Нивото на креативност и иновативност што го прикажуваат овие млади уметници е на исто ниво со светските трендови, поместувајќи ги границите на уметноста и отворајќи го патот за нови генерации на визуелни уметници.

Во чест на овие ветувачки таленти, во нашиот галериски простор куриравме избор на некои од најисклучителните уметнички дела од двете изложби.


Уживајте во ултрасовремените уметнички дела на Илина Василеска, Јоана Арсовска, Лусиана Ампева, Марта Патлиџанковска, Мила Добревска и Илијана Алексоска.

Се надеваме дека ова ќе стане традиција, годишен омаж на енергичната визуелна уметничка сцена во Македонија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …